Јотова денеска во Битола, на Денот на ослободувањето на градот од фашистите

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ќе ја посети Битола, токму на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот од фашистичката бугарско-германска окупација.

Засега нема официјална информација за целта на нејзината посета и агендата за време на престојот. Но, неофицијално, Јотова, денеска во  Битола на инфлуенсерот и писател Божидар Божиновски ќе му ја врачи наградата „4 Ноември“, за романот „Уништување“, објави Плусинфо.

Наградата „4 Ноември“ лично ќе му ја врачи во просториите на клубот „Иван Михајлов“.

Од СВР Битола соооштуваат дека ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот денеска поради присуството на Јотова, а утре поради присуството на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски кои в сабота, на 5 ноември ќе присустуваат на одбележување на годишнина од постоењето на РЕК Битола.