Отпадниците од „Вегас“ со пресврт до прва победа во финалето на НХЛ

Хокеарите на „Вегас Голден Кнајтс“ поведоа со 1:0 во финалето на НХЛ лигата по победата на домашен терен против „Вашингтон Капитолс“ со 6:4 (2:2,1:1,3:1). Така „Витезите“ го продолжија својот чудесен поход кон титулата и освојувањето на Стенли Купот веќе во нивната прва НХЛ сезона.

Домаќините во првата третина поведоа со голот на Колин Милер,но потоа гостите направија пресврт со погодоците на Брет Коноли и Никлас Бакстром, за да Вилијам Карлсон на 1:40 минути пред крајот го изедначи резултатот.

Реили Смит во втората третина повторно го врати „Вегас“ во водство, а „Вашингтон“ пак прави пресврт со головите на Џим Карлсон и Том Вилсон, па Александер Овечкин и колегите во 43 минута водеа со 4:3. Сепак, како и многу пати оваа сезона, тимот на „Вегас“, кој е составен од „отпадници“ од другите клубови, уште еднаш прави чудо. Со голот на Рајан Ривс, и двата погодоци на Чехот Томаж Носек доаѓа до првата победа во финалето.

Вториот натпревар се игра исто така во Вегас во четврток.