Отпочна обесшетувањето на погодените во поплавите во битолско

Во петокот започна стоотстотно обесштетување на земјоделците чии земјоделски посеви беа поплавени и уништени.

Заменик министерот за земјоделство и шумарство Ванчо Костадиновски оствари средба со градоначалникот на општина Могила Стево Пивковски и со жителите на општина на кои во текот на поплавците во  јануари и февруари им беа погодени домовите и земјоделските површини.

Според Комисијата за проценка на штети општина Могила е општина која што најмногу беше погодена од поплавите и тоа во два наврати. Земјоделците се задоволни од исплатените парични средства.

-Она што беше наша интенција уште на самиот почеток кога се соочивме и ние со маката на зејоделците од битолско посебно од Могила е тоа што луѓето кои што вложиле средства и очекуваа од пролетната реколта беа погодени  и се им беше уништено, ние имавме разбирање и сите се мобилизиравме во Владата на Република Македонија да обезбедиме средства, да договориме начин на обештетување и овозможување на одередни средства кои што ќе значат поттик за земјоделците кои што ќе можат повторно да инвестираат во обработка на своите површини и да можат да очекуваат нов принос, истакна замник, министерот Костадиновски.

Покрај обесштетувањето, исто така ќе биде санирана и инфраструктурата која што беше погодена во битолско. Ќе бидат санирани системите за наводнување, браните, примарните и секундарните канали за наводнување.

-Имаше големи проблеми, посебно Могила , но еве Владата најде сериозен пристап за вакви елементарни непогоди да излезе во пресрет и да ги решаваме сите проблеми ефикасно. Проблемите ги решаваме во тек, имаме доплнителни работи кои што треба да ги допрецизираме, истакна градоначалникот Пивковски

На 120 од погодените семејства веќе им се исплатени финанските средтва за обештетување од полавите. Жителите на Могила се задоволни од оваа мерка на Министерството за земјоделство.

Инаку, стоотстотното обесштетување беше најавено од страна на премиерот Никола Груевски на големиот народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Штип.