Отповикувањето на Трамп го поддржуваат 45 отсто Американци

Бројот на Американцките кои сметаат дека треба да се отповика сегашниот претседател Доналд Трамп пораснал за осум процентни поени од мината седмица, по откривањето на ткн „украинска афера“, покажуваат резултатите од анкетата на институтот Ipsos објавена во САД во понеделникот.

Резултатите од анкетата спроведенс од 26-ти до 30-ти септември покажуваат дека 45 отсто од возрасните Американци веруваат оти Трамп „треба да биде отповикан“, во однос на 37 отсто во сличната анкета спроведена една седмица порано, пред изнесувањето на обвиненијата дека републиканскиот претседател наводно вршел притисок врз Украина да го истражи неговиот многу веријатен деморкатски противкандидат на американските претседателски избори следната 2020 година, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Наспроти нив, 41 отсто од испитаниците сметаат дела Трамп не би требало да биде оптовикан, додека 15 проценти „не знаат“. Со анкетата биле опфатени 2.234 Американци.

Отповикувањето на Трамп го поддржуваат 74 отсто од демократските гласачи, што е зголемување за 8 процентни поени од минатата седмица, и 13 отсто републикански гласачи, односно 3 процентни поени од петходната анкета. Нема промени меѓу неопределените, 37 отсто го поддржуваат отповикувањето.

Дека Трамп настојувал да го наклевети Бајден дека влијаел врз владата на Украина да се прекине истрагата за корупција во компанијата во чие водство бил синот на Бајден пред претседателската кампања за претседателските избори во 2020 година сметаат 43 од испитаниците, 4 процентни поени од претходно.

Секој избран функционер „би требало да биде исфрлен од канцеларијата“ доколку соработува со странска влада во напад на политичкиот противник, сметаат од 66 отсто од Американците.

Американската јавност е силно концентрирана на прашањето за отповикување по пријава на ткн „свиркач“ за контроверзен телефонски разговор меѓу Трамп и украинскиот претседател Владимир Зеленски во јули годинава.