„Нова Македонија“ остана без главен и одговорен уредник

Главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Нова Македонија“, Зоран Димитровски добил отказно решение.

Како што дознаваме, Димитровски бил повикан од сопственикот на весникот Минчо Јорданов на разговор при кој му било врачено отказното решение.

Димитровски е долгогодишен новинар и уредник во повеќе медиуми меѓу кои „Вечер“, „Фокус“, „Дневник“…