Отпуштени 27 вработени во „Комунална хигиена“

Откако вработените во ЈП „Комунална хигиена“ го блокираа претпријатието и три дена не собираа смет во Скопје, листа со 27 имиња на отпуштени работници на огласната табла ги пречекала синоќа работниците во трета смена.

Меѓу отпуштените се нашле вработените кои учествуваа во блокадите пред претпријатието.

Од списокот може да се забележи дека отпуштени се вработени од различни работни позиции, од метач до главен на блок. Меѓу нив има и долгогодишни работници во ЈП Комунална хигиена. Отпуштените не добиле отказни решенија со причини поради кои треба да си заминат од работните места, туку биле известени само на огласна табла.