![sad vojska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/sad-vojska.jpg?resize=696%2C359&ssl=1)
Американската војска отпушти и суспендираше 14 високи офицери. Таа нареди промена на политиката по сеопфатна независна истрага за сексуално вознемирување и насилство во Форт Худ, вклучително и убиство на припадник на армијата на почетокот на годинава.
Секретарот на Пентагон, Рајан Мекарти, на прес-конференција рече дека Независниот комитет за цивилна ревизија открил широко распространети проблеми во втората по големина воена инсталација, вклучително и неуспеси во истрагата на кривични дела,како и недоверба во спречувањето на сексуални престапи, што довело до тоа да има сексуални напади и малтретирање.