Отпуштениот Конте ќе го тужи Челзи

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, откако во четвртокот беше објавено дека добива отказ од воството на лондонските „сини“, најави деја нема намера да си замине без борба од Лондон.

Италијанскиот стратег е гневен поради тоа што клубот не му исплатил нему и на неговите помошници надомест од 11 милиони евра за предвремено раскинување на договорот.

Челзи верува дека не им должи надомест. Конте, планира да ги бара парите преку суд.

Веста за отпуштањето на Конте се уште не е официјално објавена од клубот. Сепак, играчот од средниот ред, Цеск Фабрегас се збогуваше со Италијанецот и му посака успех во иднина.

Истото го стори и легендата на Челзи, Џон Тери.