Отровот од шкорпијата најскапа течност во светот

Отровот на опасната жолта шкорпија е најскапата течност во светот, пишува Business Insider.

Имено, галон (околу 3,8 литри) од оваа смртоносна течност вреди 39 милиони долари. Но дури и ако некој има пари за литари од оваа опасна течност до нејзе би можел многу тешко да дојде. Една шкорпија произведува најмногу две милиграма отров, а во повеќето случаи се „молзе“ рачно.

Еднаш кога отровот ќе се земе од телото на шкорпијата мора да помине низ процесот на чистење и лиофилизација (сушење со замрзување) па се продава во прав во милиграми, чија цена се движи од 8.000 до 12.000 долари. А според пресметките на Business Insider, еден шкорпион треба да се измолзе 2,64 милиони пати за да се добие еден галон од скапоцената течност.

Нејзината цена е толку висока поради неколку важни карактеристики. Освен што е смртоносен, отровот на жолтата шкорпија содржи и стотина корисни состојки кои, намалени на молекуларно ниво, можат да се употребат за медицински цели.

На пример, отровот е корисен во борбата против ракот, поточно, токсинот што се наоѓа во телото на шкорпијата се користи за идентификација на големината и локацијата на туморот во човечкото тело. Моментално научниците спроведуваат истражувања со кои бараат начин како со отровот не само да се пронајдат, туку и да се уништат канцерогените клетки. Покрај тоа, научниците исто така истражуваат дали може протеинот кој се наоѓа во отровот да помогне во лекувањето на мултиплекс склероза, лупус, инвазивни болести на цревата и реуми. Освен отровот од жолтата шкорпија и отровот добиен од сината шкорпија се користи како составен дел во некои аналгетици и антивоспалителни лекови.