По претходно издадено Решение од Секторот за инспекции на Општина Центар, денес инвеститорот самостојно ја отстрани нелегалната градба на зелениот пазар „Буњаковец“, информира на Фејсбук градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.
– Откако е завршен инспекцискиот надзор, констатирано е дека инвеститорот не поседува одобрение за градбата и согласно член 59 и член 134 став 1 од Законот за градење, самиот си ја отстрани градбата. Упатувам апел до сите инвеститори кои имаат добиено решенија, самостојно да си ги отстранат нелегалните објекти. Во спротивно општината административно ќе ги изврши, а трошокот за извршувањето ќе падне на товар на инвеститорите – вели Богдановиќ.