Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии.
Отстранети се приближно 60 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад на улиците Женевска и Васил Чакаларов во скопската општина Карпош, а интервенирано е и на улицата Брадфордска, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“.
Отстранетите диви депонии се лоцирани претежно околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад, а се создаваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во нив. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини што директно придонесува за загадување на животната околина и го загрозува јавното здравје.