Отворањето на центарот Ванчо Михајлов е провокација за македонскиот народ, вели Пандов

Ние константно секојдневно гледаме дека нема држава, немаме правосуден систем, дека немам Министерство за внатрешни работи, а имаме политиканти во вакви ситуации ни покажуваат дека имаме институции на системот, вели претседателот на Патриотскиот институт Гоце Делчев на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Според Пандов отворањето на културниот центар во Битола и именуван Ванчо Михајлов е само провокација за македонскиот народ, односно како што рече тој бидејќи истиот тој бил дел од црната македонска историја.

– Ванчо Михајлов е дел од црната македонска историја, а Бугарите смислено го стават тоа име за да не провоцираат нас. исто како што сега го прават со тоа вето, и ним и на Бугарите им е јасно дека со тоа ни прават штета, изјави тој.

Пандов во однос на барањата од бугарската страна рече дека доколку бараат Бугарите да се дел од македонскиот устав, тогаш ВМРО-ДПМНЕ бара реципроцитет и Македонците да влезат во бугарскиот устав, односно како што потенцираше тој инаку не доаѓа во предвид.

– Ние како партија ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски кажавме дека само реципроцитет, ако ние признаеме тука Бугари во Уставот, само доколку они истото го направат во Бугарија, инаку не доаѓа во предвид, кажа Пандов.