Заедничка соработка и поврзување на младите лица од Отворен Балкан, беа дел од препораките испратени на младинската конференција, во организација на Агенцијата за млади и спорт, по повод Меѓународниот ден на младите.
Фокусот на земјите од Отворен Балкан е ставен во отворање на нови перспективи и шанси за напредок на младите лица.
– Заеднички работиме на креирање на политики преку кои младите ќе добијат поголема можност за размена на искуства и услови за напредок, се со цел професионално да се развиваат и реализираат дома. Бурно следиме кои се мислењата, барањата, и советите на младите, што и како треба да се поправи во образованието, културата, спортот, здравството, младинско претприемаштво и наука. Размена на искуства значително ќе придонесе за унапредфување на условите за работа, студирање и напредок на малдите луѓе.
Министерот за млади и спорт на Србија порача дека соработката на младите од регионот треба да продолжи и во иднина бидејќи иницијативата на Отворен Балкан носи многу промени кои младите се подготвени да ги прифатат.
Министерката за труд и социјала на конференцијата рече дека еден од приоритетите на Владата и Министерството е системско решавање на проблемите со кои се соочуваат младите во процесот на вработување. Како дел од политиките, е и Националната стратегија за вработување од 2021- 2027 година, која содржи три стратешки цели што треба да се постигнат.
– Гаранцијата за млади има за цел да обезбеди на младите од 15 до 29 год во период од 4 месеци од денот на евиденција во агенцијата за вработување во рсм квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или практиканство,. РСМ е првата земја од земјите во западен балакан која ја воведоја и применија гаранцијата за малди иако не сме земја членка на еу.
Земјите од Отворен Балкан веќе потпишаа договор за меѓусебно признавање на дипломите. Таквиот чекор овозможува полесна економска соработка и напредок на младите лица.