Министрите за внатрешни работи на Србија и Унгарија, Небојша Стефановиќ и Шандор Пинтер денеска го отворија главниот граничен премин на српско -унгарската граница, Хоргош 1/Роске 1, кој беше затворен од страна на Будимпешта од понеделникот.
Како што јави Б92, Стефановиќ и Пинтер заеднички ја отстраниле првата ограда на преминот и со што официјално повторно го пуштија во промет за патнички и товарен сообраќај, пренесе МИА.
На два километри од Хоргош 1/Рооке 1, кој е главен премин на границата меѓу Србија и Унгарија, се наоѓа и преминот Хоргош 2/Рооке 2, кој и натаму е затворен и каде во средата дојде до судири меѓу унгарската полиција и група бегалци.
При овие судири, за разбивање на бегалците, кои се обидоа да ја пробијат оградата на границата, унгарската полиција користеше палки, водени топови и солзавец.