Отворен скијачкиот центар „Михајлово“

Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за овој навистина прекрасен објект, а дозволете ми да се заблагодарам и на сите општествено одговорни компании што учествуваа во изградбата на оваа ски-патека, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на отвoрањето на новиот скијачки центар „Михајлово“.

– Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но, не и само за кавадарчани. Од сите краеви на државата ќе доаѓаат да уживаат во овие прекрасни природни убавини и да се рекреираат. Навистина би сакал ова да биде само еден почеток, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и регионот, затоа што самата планина и сето ова што е околу оваа ски-патека е природна реткост – рече Мицкоски.

– Ние како Влада и во иднина ќе продолжиме да помагаме. Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините, за да аплицираат со нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата. Така што, кога заеднички се работи, успехот е тука. Уште еднаш честитки и со лесно нека се користи, со убаво нека се користи оваа ски-патека – рече премиерот Мицкоски.