![pravobranitel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/pravobranitel.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Ќе може да се пријават неправилности во изборниот период и на денот на гласањето.
– По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од Народниот правобранител.