Отворен турнир во брзопотезен шах АЛКАЛОИД 2015

Шаховскиот клуб Алкалоид од Скопје организира Отворен турнир во брзопотезен шах АЛКАЛОИД 2015,  кој ќе се рејтингува за блиц листата на ФИДЕ.

Турнирот ќе се одржи на 14 Март (сабота) во хотел „Континентал“ во Скопје, сала Фонтана.
Почеток на првото коло е во 11 часот, а пријавување најдоцна до 10.30 часот.

Наградниот фонд на турнирот е 60.000 денари. Предвидена е награда за најуспешниот учесник од новинарската професија.

turnir

 

tur