Денеска официјално е пуштен во употреба вториот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Паркот е со зелена површина од околу 32.000 квадратни метри, којашто претходно беше запуштена и на која имаше тополи коишто беа стари и претставуваa опасност за минувачите и за рекреативците.
Во рамките на паркот е оформена и една трим патека со бела ризла и една асфалтирана патека со 48 клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. По должината на паркот се поставени и 3 летниковци, а во еден од нив се поставени и 4 мермерни шаховски табли, коишто на граѓаните им овозможат да уживаат во него без разлика на временските услови и годишните времиња.
Во паркот има и содржини намените за децата, односно се поставени детски реквизити направени од дрво, еко-реквизити во форма на замок, а на дел од трим патеката има и фитнес справи за вежбање. Целиот проект чини 15 милиони денари.