Судот на Европската ракометна федерација ( ЕХФ) покрена дисциплинска постапка против тренерот на полскиот шампион Киелце, Талант Душебаев, поради неодмерената реакција по осминафиналниот натпревар против екипата на Р.Н.Ловен, кога Душебаев се обиде физички да се пресмета со тренерот на гостите, Гудмундсон.
Душебаев го обвини Гудмундсон дека непристојно го провоцирал, а овој му вратил дека е лажго. Расправијата подоцна продолжи и за време на пресконференцијата, пред очите на целокупната полска и светска јавност, што не остана незабележано од соодветните органи на ЕХФ.
По отварањето на постапката, на Душебаев и на тимот на Киелџе му е оставен рок до утре за доставување на изјавите.
Во одбрана на Душебаев застана сопственикот на Киелце, Бертус Сервас, кој истакна дека за расправија се секогаш потребни двајца и дека Киелце ќе се брани од сите напади.