![шилегов](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/silegov.jpg?resize=696%2C462&ssl=1)
Во СУГС „Боро Петрушевски“ денеска беше отвoрена нова спортска сала, која се градеше изминатите 14 години.
„АСУЦ „Боро Петрушевски“ од денеска е побогат за нова современа спортска сала која конечно, после 14 години од почетокот на нејзината градба, е завршена и ставена во употреба на задоволство на учениците и наставниот кадар од ова средно училиште. АСУЦ беше едно од ретките средни училишта кои досега немаа сопствена спортска сала, а сега има со вкупна површина од 1423 квадратни метри“, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на отворањето на салата.