![101979818](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/08/101979818.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Од денеска до 31 август 2016 година од 18 до 20:30 часот на стадионот „Македонски лавови” ќе биде отворената летната забавна фудбалска школа „Ѓорче Петров”, во соработка со Општина Ѓорче Петров.
Фудбалска школа е во рамките на Програмата на активностите на Општината во областа на спортот, рекреацијата и поддршката на невладиниот сектор за 2016 година,
Учесниците се деца на возраст од 6 до 11 години кои се ученици од сите основни училишта на територијата на Општина Ѓорче Петров. На теренот ќе бидат присутни околу 200 ученици и со нив ќе работат 12 едуцирани тренери, наставници во основните училишта или студенти.