![stanovi1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/03/stanovi11.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката денеска организира Отворен ден со граѓаните во Кочани.
Граѓаните кои ќе присуствуваат на средбите ќе можат да се информираат за сите прашања кој што ги имаат по однос откуп на општествени станови согласно „ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕ“, откуп на становите по проектот FP1340 и за сите проблеми кои што ги мачат граѓаните, а се поврзани со работењето на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката.
Средбите со граѓаните ќе ги одржи Раководителот на Подружница Кочани на Акционерското друштво Анче Трифуновски.