Отворени сме за соработка, моите компании ги почитуваат законите

Јордан Камчев сопственикот на „Орка холдинг“, за кого СЈО отвори истрага под кодно име „Империја“, извести дека се отворени за соработка со СЈО и со сите други институции.

„Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор. Компаниите во кои сум сопственик, под целосна одговорност,  изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење. Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред сè во интерес на одржување на квалитетна бизнис-клима и економските проспиритет во земјава“, вели Камчев.