Во следната колумна на премиерот ќе му пишувам за нашиот новинарски Луцифер и неговите, за среќа, мал број следбеници на содома и гомора новинарството.
Кога збориме за балкански ТВ мафиози морам да напоменам дека институциите кои во Македонија ги контролираат телевизиите и јавните комуникациски мрежи, како што се Министерство за Некултура и демек туризам, АЕК и АВМУ, имаат ефикасност како некој куќен совет во полураспадната зграда во која никој не живее. Моето мислење е дека овие прескапо платени институции можеме слободно да ги сведеме на ниво на тричлени комисии зошто ништо не работат во однос на следниве проблеми, кои доаѓаат од домашни и балкански ТВ мафиози.
Македонија
Злобничкото обвинителство СЈО преку ликот и делото на Ленче Ристоска изврши упад во Законот за медиуми, каде со политичко и лажно обвинение ја започна „ПРОПАГАНДА“ и обвини во јавноста личности кои немаат никаква суштинска и институционална моќ да создаваат ТВ станици освен да имаат желба, а сето тоа согласно медиумска концентрација, поврзани лица, сопственичка структура и финансиски критериуми може да го потврди само АВМУ. Тие доделуваат лиценци. Споменатите лица од соодветната политичка партија можат само да ја нарачаат народната песна „Не оди боса по таа роса“ и да си играат оро околу масата во нивниот штаб. Еве од почит кон неколкумината споменати, ја повикувам да избере каде сака да дебатираме, кај Снежана Лупевска Созен или Иван С. Мирчески. Ама кога ќе почнам уште од сега и’ кажувам дека ќе ја растурам ко „Бугарска Скупштина“ и нема да ја состават ко „Косовска Влада“.
Имам уште многу г-дине Премиер да кажам, ама овој упад е поврзан со наредниов дел од колумната.
За кога ќе тргнат да го лажат премиерот да му обратат внимание: Создавањето на авторско дело е уметност, ама кога авторот ќе одлучи да го емитува јавно тогаш тоа е предмет на трговија. Оној што го купува има право да го емитува кон гледачите за територијата за која го купил и од тоа да заработи. Продавачот неможе во исто време да го продава и на друг без дозвола од купувачот и мора да се почитува уставниот поредок на државата каде е продадено. Тоа се вика ексклузивитет. Се’ друго е криминал и согласно нашите закони се лежи во затвор за тоа.
Словенија
Моја дежела ТВ мафиозите секогаш мислат дека се најпаметни и софистицирани. Они као се застапници на странски канали за регионот „Адриа“ ги продаваат на јавните комуникациски мрежи, го преведуваат на домашниот јазик (македонски читаш г-дине премиер поради Виктор Грозданов), ама си вметнуваат реклами од Словинија за брендови и производи кои се продаваат и во Македонија. Така нашите ТВ станици ги губат рекламните колачи. Па, макар тоа било и 100 денари месечно. Ама наши се тие 100 денари, а не нивни.
Србија
Низ моите вени тече дел српска крв и тоа од прота Матеја Ненадовиќ 1. председник Правитељствујушчег совјета сербског, впрочем мојот внук во Белград е крстен по него, рускиот претседател се вика исто како мојот прадедо, мојот татко и мојот син – Владимир, како и кумот кој е нормално Србин, кој пак ми крстел три деца. Лидерите на двете најголеми политички партии на Србите во Македонија ми се лични другари. Тоа значи дека не сум националист.
Но, во Македонија се случува погром на македонскиот јазик и тоа најмногу преку спортските канали. Изговорите се: „Не им се исплати да финансираат наши коментатори и нашите спортски новинари не ги бивало“. Затоа новинарскиот Луцифер мора на морална клада да го ставиме.
Вистината е следна. Овие моиве Срби што ги споменав се поголеми патриоти од нас Македонците. И воопшто немаат проблем со тоа дека во Македонија мора да се говори на македонски јазик.
Затоа г-дине премиер постави си пред себе едно прашање: Зошто овој проблем не е решен? Едноставно најодговорните – АВМУ, или живеат во светот на бајките или се платени. Заштедата во секој случај е голема.
Еве каков одговор добив од раководител за „Спорт Клуб“. Знаеш они се регистрирани во Луксембург и таму треба да кажат дека ќе одат и на македонски јазик.
„Арена Спорт“ оделе на Македонски Телеком и затоа овие нашиве телекомци мора да ги платат коментаторите. А, зошто Телеком има само право да ги реемитува „Арена Спорт“, па затоа што дете на некој од антимонополска било вработено кај нив и ете не превземал мерки. Од поблиското минато, па наваму, бар ова се реши некако.
Ова се измами од невидени размери г-дине премиер.
Кај нас постојат многу спремни спортски новинари да ги исполнат сите критериуми и во иднина во соработка со МОК можат да вршат аудиции за коментирање. Но, најинтересно е г-дине премиер што ќе им одговориме кога ќе кажат нема прблем тргнуваме. АЕК и АВМУ гарант не ти соопштиле дека има 160.000 претплатници (домаќинства) кои нелегално гледаат телевизија, со претпоставена загуба од 32 милиони евра.
Како и да е. Си нашле бавча да ја ораат, а ние мораме тоа да го спречиме. Еднаш кажав дека ова се само примери, детали неам намера да кажувам да на мое име градат кариери.
Хрватска
Едни од најдобрите другари во Македонија ми се Хрвати. И они како и Србите, се поголеми и докажани патриоти за Македонија.
Но, нивните браќа и сестри од хрватската ТВ мафија си купуваа програма за територија на Хрватска, а ја препродаваа како да се ЈРТ. Тоа се вика криминал. Даваа фактури по маркетинг агенциите дека се најгледани телевизии во регионот. Јас се потрудив да бидат укинати „Нова ТВ“ и ХРТ 2. Класичен криминал.
„Нова ТВ“ и нејзиниот директор Дражен Мавриќ во рок од 30 минути даде писмо во кое вели дека никогаш и на никого не го дал правото за реемитување на нивната телевизија на територија на Македонија, ама од кога се заканив дека се гледаме на Основен Суд Загреб и знаеше дека е тоа кривично дело.
ХРТ 2 си имаше испостава во Македонија или популарно јатаци. Цената беше 1.000 евра месечно. Детално друг пат. Ама јатаците му напишаа на покојниот Варошлија писмо без кој го подготвил, изработил и одобрил: Спортските права не се авторски права и затоа неможе да се прекине сигналот.
Почитуван г-дине Премиер ова се само 3 проценти од она што се случува во континуитет. Последно прашање до тебе за да размислиш. А, што ако на пример Бугарите ги откупат спортските права за Македонија? Шу праиме?
Патем мафиозиве ТВ балкански цело време беа поддржувани од следбениците на содома и гомора новинарството кои сега ни кажуваат дека информациите се бесплатни, ама не и новинарството. Во име на сите навредени ТВ станици им посакувам да „цркнат“ за пари.
Јавно сакам да им се заблагодарам на оние новинари кои први ме промовираа во јавноста и ден денес сме другари: Зденка, Верче, Радмила, Тања, покојни Маријан, Жуљ, Столе, Мишко, Маја, Наташа и Марина.
Од спортски карактер исто први кои разбраа што точно зборувам се Тони Митев и Бане Илиевски. Од спортските федерации на Дејан Митревски –Урко и Даниел Димевски. Без поговор ме подржуваа.
Ама едно големо ама.
Во оваа држава сите кои имаме бар малку памет сакаат да не’ шиканираат.
Да живее Македонија!
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес