Отворено Европското првенство во забрзан и брзопотезен шах, Македонија со пет учесници

Во хрватскиот главен град Загреб попладнево почна Европското првенство во забрзан (рапид) и брзопотезен (блиц) шах на кој во масовна и исклучително силна конкуренција настапуваат и петмина македонски учесници.

Настапуваат 689 шахисти од речиси сите европски земји, а меѓу нив се пријавени 61 велемајстори и 62 интернационални мајстори.

Од петмината македонски натпреварувачи најдобар ранкинг пред стартот на Европското првенство има Гоце Шапкароски (247 место, 2043 ранг бодови).

Во македонскиот состав се и Константин Лушески (274, 1.994), Емил Жежов (384,1.712), Ванчо Видиќевски (392, 1.687) и Јане Шапкароски (403, 1.647).