Отворено со катастарот во Струга и Охрид

Агенцијата за катастар на недвижности и оваа година продолжува со веќе започнатата акција „Отворено со катастар“.

На петти и шести февруари стручни лица од секторот за внатрешна контрола на чело со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески ќе бидат во посета на подрачните одделенија во Струга и Охрид.

Меѓу другото, директорот на Агенцијата ќе одржи работен состанок со сите раководни лица на подрачни одделенија, каде темата ќе биде процесот на дигитализација на катастарските општини и нивната важност.