Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе има интервју на Македонската телевизија, во 20.15 часот.
„Го повикав на дебата Ковачевски, која тој не ја прифати. Тој дезертираше од можноста да се вкрстат аргументите и јавноста да види кој и за што се бори.
Дебатата како размена на аргументи, ставови и погледи на нештата е фундаментот на здрава демократија.
Затоа вечер ја користам можноста на Македонската Телевизија во отвореното студио кое ќе започне во 20:15 часот да дебатираме со новинари од повеќе национални телевизии. Следете!“, објави тој на својот Фејсбук профил.