„Малечкиот“, нуклеарната бомба тешка четири тони беше фрлена врз Хирошима на 6 август 1945 година, имала моќ од 15.000 тони ТНТ и веднаш убила 80.000 луѓе, уништувајќи притоа речиси 70 отсто од сите објекти во градот. Но дури и „малечкиот” не можел да убие една мала билка.
Бонсаи од бел бор бил под заштита на експертот Масару Jамаки. Тој и неговото семејство биле меѓу најпочитуваните производители на бонсаи во Јапонија.
Семејството Јамаки тој трагичен ден биле во својот дом на само неколку километри далеку од епицентарот на бомбардирањето. Кога бомбата експлодирала, семејството било доволно среќно да страда само од мали повреди од стаклото. Цврстите ѕидови на нивната куќа ги заштитиле од врелината и радијацијата.
А дрвото? Дебелиот ѕид зад куќата некако го заштитило бонсаито чија крошна е во форма на печурката, слична на обликот на облакот од атомската бомба.
Јамаки и неговото семејство се грижеле за дрвото до 1976 година, кога го дале како подарок на САД, земја која фи фрли атомските бомби врз Јапонија. Јамаки рече дека тоа е само дар за мир, но не кажа ништо за тоа колку години е старо дрвото.
Бонсаито си најде дом во Националниот бонсаи и Пенџинг музеј во Вашингтон, кој со гордост го изложи на влезот.
Дури во 2001 година дознале дека бонсаито ја преживеало атомската бомба, но не само тоа. Кога внуците на Јамаки го посетија музејот, му кажаа на кустосот дека дрвото е во семејството со генерации пред да биде донирано во Америка. Тоа било засадено во 1625 година и денес е живо и зелено.