
Со години наназат, на јавноста и’ се повеќе од познати привилегиите кои смејството на Заев ги користи за богатење преку тендерските зделки на општина Струмица. За финансиски криминал, токму и Зоран Заев беше осуден, па помилуван.
Фирмите на кланот Заеви, постојано се доведуваат во привилегирана позиција со допстапност на доверливи информации овозможени токму од Заев и така добиваат милионски тендерски набавки.
Една од фирмите која е „на глас“ е и „ИГМ Еленица“, која е во сопственост на првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев.
Токму на име на оваа фирма е регистрирана и ова луксузно возило кое ја има честта да го вози брат му на Зоран Заев, Вице Заев.