Ова е доказ за мизеријата која државата им ја нуди на младите. Да биде иронијата уште поголема, оваа информација доаѓа само неколку недели откако премиерот Ковачевски најдрско и безобразно направи посета и краток документарен филм за да ја прикаже неговата грижа за студентите, се вели во статусот на Фејсбук на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.
-Наместо млади перспективни кадри врз кои треба да се гради иднината на Македонија, студентите за власта се сведуваат на експериментална материја и група што се користи исклучиво за политички маркетинг и замајување на јавноста. Наместо услови за развој и градење на нови капацитети што ќе придонесат во Македонија, студентот се соочува со недостиг на основни услови за живот. Додека ние како младина со години предупредуваме на опасноста од негрижата, нехуманите услови и незаинтересираноста на власта кон оваа тема, во студентските домови се нема сменето буквално ништо. Ја следиме ситуацијата и подготвени сме да реагираме соодветно. Гласот на студентите повеќе нема да биде игнориран! Истакнува Попов.