Ова е имотот што го пријавил Лазо Велковски, директорот на БЈБ

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски во својот анкетен лист кој го доставил до Комисијата за спречување на корупција, пријавил два автомобили.

На свое име пријавил Ауди А4, проценето на 1 милион денари, а на име на децата Рено Меган, проценето на 300 илјади денари.

Велковски пријавил стан на име на сопругата, и еден стан на свое име, стекнати преку копопродажен договор.

МВР вчера соопшти дека министерот за внаштрешни работи Оливер Спасовски  Оливер Спасовски ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Василевски поради не спроведување на процедурите за патувањето на службеното возило во Грција.

Ова е целиот имот кој го пријавил Велковски: