Ова е конечниот датум за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон му рекол на својот ирски колега Лео Варадкар, дека Велика Британија на 31-ви октомври дефинитивно ќе ја напушти Европската унија.

„Премиерот јасно рече дека Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската унија на 31-ви октомври, без оглед на се“, објавија од канцеларијата на Џонсон после телефонскиот разговор помеѓу двајцата премиери.

„Јасно е дека владата ќе учествува во сите преговори кои ќе се одржат одлучно, енергично и во пријателски тон, но како и тој, првенствено сака да излезе од Европската унија со договор, но само оној кој ќе го поништи бекстопот“, стои во соопштението на канцеларијата на британскиот премиер.

Ирскиот и британскиот премиер во текот на вчерашниот ден за прв пат телефонски разговараа откако Џонсон ја превзеде пред неколку дена премиерската должност.

„Алтернативните решенија би можеле да го заменат бекстопот во иднина, но засега не се пронајдени, ниту претставени задоволувачки решенија“, изјави Варадкар кој претходно предупреди дека спроведувањето на Брегзит без договор би можело да поттикне ново обединување на Република Ирска со Северна Ирска, покраина која сега е дел од Обединетото Кралство.