Ова е луксузната викендица на заменик-шефот на Хамас во Газа

Базен, луксузен мебел, паркиран тенк надвор: израелските сили навлегоа во раскошното живеалиште на Марван Иса, заменик-шеф на военото крило на Хамас, во централниот дел на Газа, Ал Буриј.

ИДФ објави фотографии од луксузниот дом на Марван Иса, заменик-шеф на военото крило на Хамас, во Ал-Буреј во централниот дел на Појасот Газа.

Според неговата објава на X, силите на ИДФ кои дејствуваат во областа извршиле рација во неговата викендица, каде што нашле базен, голем двор и луксузен мебел.

„Ова е таа нееднаквост меѓу лидерите на Хамас и луѓето во Појасот Газа – запознајте го луксузниот дом на Марван Иса“, напиша тој.

„Ова е дополнителен доказ за апсолутната неповрзаност меѓу раководството на Хамас, вклучувајќи ги и шефовите на неговото воено крило, кои живеат луксузно и уживаат големо богатство, и голем дел од населението на Газа што се моли за донации и меѓународна помош. Водачите на Хамас се во рајот, додека жителите на Газа се во пеколот“.