Премиерот на Непал, седумдесет и петгодишниот Сушил Којрала дефинитивно е најсиромашниот политичар во светот!
Тој на свое име поседува само три мобилни телефони, од кои два нефункционални.
Ова се официјалните податоци од имотната карта на непалскиот премиер, ставена и на веб страницата на тамошната влада.
Којрала нема недвижен имот, а пред да е пресели во резиденцијата живеел во домот на неговиот брат и во изнајмена куќа.