Ова е полицајката од Косово која ги застрелала своите родители, двајцата браќа, па се самоубила

Основното обвинителство во Гнилане, одделението за тешки кривични дела, извести дека вчера во околу 13 часот полицајка убила 4 лица поточно членови на своето семејство и на крај извршила самоубиство.

Според прелиминарните информации, постои сомнение дека полицајката Валдета Блаца со огнено оружје ги убила своите родители и двајцата браќа, а потоа извршила самоубиство.

Како што информираат косовските медиуми, убиени се 70-годишниот Зекир Блаца, 66-годишната Ханифе Блаца, 33-годишниот Блерим Блаца и 34-годишниот Фисник Блаца.

Полицајката, во сопствениот дом, со службен пиштол ги убила родителите, а потоа и браќата.

Роднините на семејството велат дека се шокирани и дека не забележале никакви проблеми во семејството.

https://video.gjirafa.com/vend-mp4