Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска, 6 ноември, во Белград, на 68-годишна возраст по тешко боледување.
Семејството Роквиќ преку соопштение ја наведе причината за смртта на Маринко.
Пејачот почина по тешка борба со ракот на панкреасот, соопшти семејството Роквиќ.
-Со голема тага ја информираме јавноста дека нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквиќ утрово почина по тешка борба со ракот на панкреасот. Во овој исклучително тежок момент, семејството ве моли да ја почитувате неговата приватност. Деталите за датумот на погребот ќе бидат објавени подоцна.
Роден е на 27 јануари 1954 година во Босански Петровац. Тој е татко на познатиот пејач Никола Роквиќ.
Неговата музичка кариера е навистина богата, а неговите најпознати хитови е: „Скитница“, „Ти за љубав ниси роѓена“, „Потражичу очи нешто зеленије“ и многу други.