![Untitled](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/Untitled-2.jpg?resize=695%2C491&ssl=1)
Ова е вистинското лице на Заев, ова е вистинското размислување на Заев, ова е диктиран текст од Заев објавен преку неговиот безпоговорен извршител.
Ова е чиста лага и измислица, намерна конструкција изведена и во наслов кој што треба да креира целосно извртена и лажна слика за опозицијата и Христијан Мицкоски.
Ова е честитката на Заев за Божик до Мицкоски, ова е и негова лична честитка, ако сакате, и за именденот на неговиот политички ривал.
Ова е демократскиот капацитет на Заев диктаторот!
Ова е вистинското лице на “борбата со лажни вести”, продуцирано директно од медиумскиот паж на Заев!
Срамно и подло, за време на ваков семеен празник, во вакви тешки времиња!
Оттука, јас инсистирам на реакција со осуда од новинарските здруженија и реакција од телото за Етика.
Истовремено инсистирам и на извинување и директен укор од владиното тело за борба со лажните вести.
И на крај, но најважно, инсистирам на извинување од Зоран Заев до Христијан Мицкоски за ваквиот однос од неговиот близок соработник кон лидерот на опозицијата!
Во спротивно ќе покаже дека навистина е негова нарачка!