Овие информации не ги знаат 95 отсто од луѓето, а тие можат, буквално, во некои ситуации да ви го спасат животот. Тие се однесуваат на некои предмети што секојдневно ги користите и ситуациите во кои што може да се најдете, а сигурно не знаете дека постојат некои функции на вашиот мобилен телефон, картичка од банка, мобилен телефон, автомобил што може да ви помогнат…
1. Ако некогаш некој крадец или некој друг ве присили да подигнете пари на банкомат…
Внесете го вашиот пин број наопаку. Така ако вашиот пин е 1254, вие внесете 4521. Банкоматот ќе ви ги даде вашите пари, но автоматски ќе го препознае повикот за помош и ќе ја алармира полицијата, без напаѓачот воопшто да биде свесен за тоа. Оваа опција постои речиси на сите банкомати, а многу луѓе воопшто не знаат за тоа. Споделете ја оваа информација со пријателите, добро е да ја знаат.
2. Мобилниот телефон може да ви помогне во вонредни ситуации
Иако звучи неверојатно, вашиот мобилен може да ви го спаси животот или барем да ви ги поштеди нервите во некои ситуации.
– Како било каде во светот да повикате итна помош, полиција…
Единствениот број за вонредни ситуации што од мобилниот телефон може да го повикате за било каде во светот е 112. Доколку се најдете на место каде нема мрежа, тогаш заѕвонете на 112 и вашиот телефон ќе ја побара било која постоечка мрежа на местото каде што се наоѓате. Потоа на дисплејот ќе ги видите броевите од итните служби за подрачјето во кое се наоѓате. Интересно: бројот 112 можете да го бирате дури и кога тастатурата на вашиот телефон е заклучена. Обидете се!
3. Клучевите за далечинско отклучување на автомобилот останале внатре
Ова се има случено на многумина од нас, а постои едноставен трик што еднаш може да ви затреба. Ако го заклучите клучот од автомобилот внатре, а резервниот клуч ви е дома, тогаш направете го следното:
Од мобилниот телефон јавете се некому што е дома на неговиот мобилен телефон. Вашиот мобилен телефон држете го 30 – тина сантиметри од вратата на вашиот автомобил. Тој што сте го повикале треба да го држи клучот од вашиот автомобил близу до мобилниот телефон и да го притисне копчето за отклучување. Вашиот автомобил ќе се отвори. Воопшто не е важна оддалеченоста, само е важно на мобилен да ја повикате личноста која го има резервниот далечински клуч за отворање на вашиот автомобил.
4.Скриена резерва во батеријата на вашиот мобилен телефон
Замислете дека батеријата на вашиот телефон е при крај, телефонот ви е потребен, а немате полнач. Нокиа телефоните имаат можност за резервна батерија. За да ја активирате внесете * 3 3 7 0 # и вашиот телефон ќе има 50 отсто дополнета батерија. Телефонот оваа батерија ќе ја дополни со следното полнење на батеријата.
5. Како целосно да го оневозможите користењето на мобилниот телефон ако некој го украде
Прво морате да го знаете серискиот број на вашиот телефон. Ако не го знаете, тогаш впишете * # 0 6 # и на дисплејот ќе се појави 15-цифрен број. Овој број е единствен за вашиот апарат. Запишете го тој број и чувајте го на сигурно. Ако некој ви го украде телефонот, побарајте го вашиот оператор, издиктирајте го серискиот број и операторот може да го блокира вашиот телефон, кој ќе биде целосно бескорисен дури и ако крадецот ја промени сим-картичката. Иако, најверојатно нема да го добиете телефнот назад, барем ќе знаете дека крадецот нема ништо од него.
Кога сите вака би постапувале кражбата на мобилни телефони би се свела на нула.