Ова се 10-те најбогати деца во светот – некои се од богати семејства, а некои сами успеале од мали нозе

Во светот има многу примери на деца кои без многу напор имаат удобен луксузен живот – без оглед дали се родиле во богато семејство или пак, самите успеале од мали нозе. Следи списокот најбогати деца на светот…

10. Џејлен Бледсоу (3,5 милиони долари). На 12 години ја отвори својата технолошка компанија, и засега е доста успешен претприемач.

9. Рико Родригез (4 милиони долари). Славниот глумец е деветтото најбогато дете на светот. Ова најмногу се должи на популарната серија „Модерно семејство“, во која тој глуми од 2009 година.

8. Ел Фенинг (5 милиони долари). Холивудската актерка и сестра на Дакота, е една од најпознатите млади личнoсти.

7. Џејден Смит (8 милиони долари). Синот на популарните американски актери Вил Смит и Џејда Пинкет-Смит веќе има 18 години и е речиси исто толку успешен и надежен.

6. Глумицата Абигејл Бреслин (12 милиони долари).

5. Валентина Палома Пино (12 милиони долари). Ќерката на глумицата Селма Хајек и францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино, е едно од оние деца кои едноставно се родиле во богато, милијардерско семејство, така што уште сега е милионерка.

4. Програмерот Николас Д’Алојзио (30 милиони долари).

3. Данилин Биркхед (59 милиони долари). Таа е ќерка на американската глумица и манекенка Ен-Никол Смит, која почина по предозирање со наркотици во 2007., една година по раѓањето на нејзината ќерка. Тогаш таа го наследи нејзиното богатство.

2. Нокс и Вивиен Џоли-Пит – потомците и наследници на една од најпознатите (сега веќе поранешни) двојки во Холивуд – Бред Пит и Анџелина Џоли.

1. Принцот Џорџ Александар Луис на свое име има милијарда долари. Се работи за синот на британскиот принц Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон.