Ова се најбараните професии во моментов во Македонија

Кои се најбараните професии во моментов во Македонија? Според податоците од Агенцијата за вработување на Република Македонија во моментов има над 8.000 слободни работни места на пазарот на труд.

Кои се најбараните професии?

Компаниите најмногу бараат работници за преработувачката индустрија, трговијата, градежништвото, угостителските и финансиските дејности, како и во индустријата за информатички технологии.

Компаниите велат, се потешко е да се најде квалификуван и стручен кадар. Најтешко се наоѓаат заварувачите, леарите и останатите занаетчии, кои се повеќе недостасуваат на пазарот на труд. Дефицитарни се инженерите, посебно оние градежните, кои заедно со програмерите и работниците во финансиската индустрија остануваат на цена, пишува Лидер.

Работодавачите велат- работа има. Од оние со завршено високо образование компаниите бараат: програмери, информатичари, градежни инженери, архитекти, машински инженери, електроинженери, технолози, фармацевти, графички дизајнери.

Од луѓето со средно или со вишо образование се бараат: комерцијалисти, техничари, медицински сестри, администратори, леари и слично.

Средното стручно образование, пак, треба да испорача шивачки, бравари, столари, заварувачи, армирачи, лимари, повеќе профили на градежни работници, металостругари, монтери, автомеханичари, електроинсталатери, преработувачи на овошје и на зеленчук за потребите на преработувачката индустрија.

Заварувачи, водоводџии, буквално занаетчиите се кадрите кои недостасуваат на пазарот на труд. Во последно време повеќе компании се во потрага по соодветни продавачи, обучени и спремни да излезат на пазарот и веднаш да работат. Потоа, во угостителската дејност се барани келнерите и куварите. Од високо образованите кадри, инженерите се многу барани, посебно градежните инженери кои се дефицитарен кадар, особено оние што се лиценцирани. Машинските инженери исто така во делот на надзорот, како проектанти и изведувачи, се исто така барани на пазарот на труд, вели директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

Се намалува невработеноста, мерките даваат резултат

Невработеноста се намалува, а тоа го покажува и статистиката – стапката на невработеност во последниот квартал се намали на историски 24,6%. Проектот „Македонија вработува“, кој е при самиот крај, ги надмина очекувањата. Преку палетата мерки кои ги нуди владата за работодавачите и невработените, досега работно место пронашле над 14 илјади лица.

За пофалба е тоа што забрзано се намалува и стапката на невработеност кај младата популација, нешто што одамна претставува проблем на пазарот на труд. Имено преку мерката за вработување на млади лица до 29 години, во последниве две години се вработени над 12.000 млади луѓе. Последните квартални податоци на државната статистика велат дека стапката на невработеност кај најмладата популација се намалила за речиси 5 проценти на годишно ниво.

Според АВРМ ова се дејностите кои најмногу вработуваат
Дејности кои најмногу вработуваат (Извор: АВРМ)

Ако се анализира ефектот на мерките за вработување, може да се заклучи дека за само две години со две мерки на владата, работа пронашле над 22 илјади невработени граѓани, од сите категории.

Експертите велат дека проблемот со невработеноста на младите лица постапно се решава. Компаниите се заинтересирани за мерките кои ги нуди државата, пред сѐ поради тоа што им ги намалуваат трошоците, а им ја зголемуваат ефикасноста на работата, а со тоа им оставаат можност да продолжат да инвестираат во развој на сопствениот бизнис.

Табела на најбараните професии и занимања според АВРМ
Ова се најбараните професии според АВРМ

Продолжуваат позитивните трендови

Клучните сектори…