Ова се времиња кога мора да се носат одлуки, многу внатрешни проблеми треба да се решаваат, a невладиниот сектор е многу значаен, вели Мицкоски

„Добар ден и од мене, за мене претставува секогаш одлична можност, кога нормално распоредот дозволува да бидам дел од вакви настани. Благодарам на поканата на организаторите, благодарам на невладините организации кои што еве наоѓаат време да бидат присутни на еден ваков дијалог во кој што треба заеднички да работиме, а ние како Влада да извлечеме некакви заклучоци кои за нас се важни и врз основа на информациите со кои располагаме, а сугестиите и советите од страна на невладините организации, да носиме поквалитетни одлуки, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Никој не се родил учен, сите стекнуваме и го градиме нашиот интелектуален капацитет во животот. Јас сакам секојдневно да учам колку што е можно повеќе, да слушам и нормално врз основа на информациите и аргументите кои што пристигнуваат кај мене, да носиме одлука. Ова се времиња кога мора да се носат одлуки, затоа што многу внатрешни проблеми треба да се решаваат и тука ценам дека невладиниот сектор е многу значаен.

Благодарност до Амбасадата на Швајцарија, која е покровител на вакви настани и што ги помага невладините организации. Очекувам и дека овој дијалог во иднина ќе продолжи и ќе биде уште поуспешен и од овој дијалог резултатот ќе бидат некои нови политики кои што ќе имаат само додадена вредност во квалитетот на животот во нашите граѓани. Така што уште еднаш посакувам да биде успешен настанот. Благодарност до организаторите, до Швајцарската амбасада, и се надевам дека и вие медиумите ќе слушнете ново што ќе биде како што кажав додадена вредност за квалитетот на животот на нашите сограѓаните.“