Европскиот суд за правда ќе им овозможи на своите државјани во потполност да ги „исчистат“ своите online репутации. Оваа институција донела одлука за која експертите тврдат дека ќе го натераат Google и другите интернет пребарувачи на наше барање да избришат податоците кои се појавуваат при пребарување на нашето име.
Луѓето би требало да имаат влијание на тоа што се појавува кога некој ги пребарува преку Google- изјавил Судот на правдата на Европската Унија.
Оваа одлука е мала победа во борбата за заштита на приватноста во време кога буквално се, небитно добро или лошо, остава траен електронски траг. Постојат и оние кои ваквата одлука ја оспорија, наведувајќи дека таа може да влијае на слободниот проток на информации на интернет и на тој начин да доведе до цензура.
Иако е оваа идеја одлично примена во Европа, многу луѓе во Америка ја критикуваа оваа одлука како прерушена форма на цензура, која може да доведе до тоа на пример поранешните осуденици да ги избришат информациите за нивните злочини или политичарите да ги „испеглаат“ нивните репутации.
Пресудата е донесена во Шпанија, во еден случај во кој се спореле Google и Шпанецот Марио Костеха. Марио во една прилика при пребарување на сопственото име открил линк кој покажува дека неговиот имот ќе заврши на аукција заради неплатени долгови. Спорната информација е објавена во некои шпански медиуми во 1998година, а Google ја пронашол кога оваа новинска агенција ги дигитализирала своите изданија.
Костеха, долгот одамна го имал вратено и побарал од Шпанската Агенција за заштита на приватноста да ја отстрани оваа содржина. Агенцијата се сложила, но Google одбил да го цензурира спомнатиот линк бидејќи информацијата е легално објавена во медиумите, па целиот случај завршил на суд. Како победник излегол Костеха, а во таа прилика изјавил дека добра работа е што од сега луѓето ќе знаат точно каде треба да се обратат доколку сакаат некоја посебна информација да се отстрани.
Донесената пресуда влијае на 28 нации и преку 500 милиони луѓе во Европа и се однесува на сите пребарувачи кои се користат на овој Континент вклучувајќи ги и Yahoo I Bing. За сега нема да има никакво влијание на приказот на информации во земјите надвор од Европа.
Во својата одлука, на која може да се поднесе жалба, Европскиот суд рекол дека пребарувачите мора да слушаат и да се придржуваат до заклучокот кога луѓето од нив ќе побараат да се отстранат линкови кои на некои сајтови покажуваат застарени или неточни информации. Оваа институција дала некои смерници на кој начин ова може да се направи.
Компанијата Google долго се придржувала на правилото дека луѓето кои сакаат да се отстрани некој линк треба да се обратат на конкретниот сајт кој ги поседува спорните информации. Меѓутоа убедувањето на сајтовите да ги отстранат ваквите содржини е многу тешко и троши доста време. Европската Унија ова сега значајно ќе го олесни.
Иако Европа е еден од најголемите пазари на кои Google работи, оваа одлука не би требало да има поголемо влијание на неговиот профит, бидејќи не се вмешува во рекламите кои оваа компанија ги поставува покрај резултатите од пребарувањето. Компанијата веќе цензурирала некои содржини како што се на пример говори на омраза во Франција и Германија.