Фотографијата е споделена од Ангела, која поминала низ неколку постапки за ин-витро оплодување.
Таа сакала на светот да му покаже како изгледа борбата за бебе.
Ја легнала својата ќеркичка која долго време ја очекувала.
Околу неа наредила инјекции во форма на срце.
За да ја добие ќеркичката, таа примила толку инјекции во текот на неколку години.
Објавата за само неколку дена е споделена илјадници пати, а во стотиците коментари многу мајки споделија фотографии од своите деца зачнати со ин-витро и признаа дека вредела секоја нивна жртва.