Оваа сабота е работна за учениците

За основните и средните училишта оваа сабота ќе биде работна. На 14 април ќе се одржуваат часови според распоред од петок.

Ова е последна сабота што ќе се одработува за оваа учебна година, односно четврта сабота во цела учебна година, која мора да биде работна.

Изминатите саботи беа работни, бидејќи зимскиот распуст беше продолжен за еден ден, а во јуни последните два дена од учебната година паѓаат во викенд.

Од Министерството за обрзаование и наука објаснија дека според планот за работа на училиштата во текот на учебната година треба да се одработат 180 дена, а според распоредот за работа годинава недостасуваат четири работни дена, кои што учениците ќе треба да ги одработат во две саботи во првото полугодие и две во второто полугодие.