Јован Стојоски ќе биде единствениот македонски претставник на Европското атлетско првенство во сала кое од 5. до 7. март ќе се одржи во Торун, Полска. Во последен момент настапот на шампионатот мораше да го откаже, Дарио Ивановски кој поради позитивен тест на коронавирус, нема да може да ги брани боите на Македонија на европската смотра.
Стојоски ќе настапи во квалификациите на 400 метри кои се закажани за 5. март (петок).
„Најголемиот Атлетски собир на стариот континент во овој зимски дел од сезоната ќе се одржи во Торун, Полска, во период од 5 до 7 март 2021 година , па така на Европското првенство за сениори-ки во сала, Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со единствениот наш преставник Јован Стојоски во дисциплината на 400 метри по претходно исполнета норма. Тој веќе е пристигнат во Торун и се подготвува за својот настапа во квалификациите кои ќе се одржат на 5 март во 10:17 часот, додека полуфиналната рунда е истиот ден во 19:25 часот, а финалето на 5 март во 20:10 часот. Учеството на нашиот атлетичар на ова големо првенство ќе има директно влијание во ранкинг листата на Светската атлетска федерација, според која ќе се распределуваат и слободните места за Олимписките игри во Токио ова лето“, стои во соопштението од Атлетската федерација на Македонија.