Јованчев: Во текот на минатата година се изврши откуп по историски најниски цени на грозјето, власта ги изневери и потцени лозарите

На денешната собраниска седница имше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев кој кажа дека минатата година во Македонија се извршил откуп на грозјето по историски најниски цени додека власта ги потценила и не ги исполнила ветувањата спрема лозарите.

„Во текот на минатата година се изврши откуп на грозје по историски најниски цени откако се памтат во Македонија. Срамни 2 до 3 денари по килогарм грозје беа дадени од страна на винариите не само за да остварат екстра профит туку и целосно да го потценат лозаропроизводителот“, појасна Јованчев.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јованчев рече дека винариите играле осмислена игра со лозарите која била поддржана од власта за потценување на нивниот целогодишен труд и со денови се играле со маката и потта на лозаропроизводителите.

Јованчев кажа дека власта ги довела лозарите во целосно безизлезна состојба со катастрофалната лоша политика и неисполнетите ветувања.

„Уште на самиот потеток на откупот на грозјето од страна на некои винарии чии сопственици се блиски до власта во разговорите со здруженијата на лозарите беше укажано дека поради корона кризата во светот подрумите на винариите се полни со вино и дека не се во можност да ги откупат количините на грозје кои ги имаат произведено лозарите додека оние мали количини кои што би ги откупиле би биле по пониски цени од минатогодишните. Ова осмислена игра од страна на некои винарии веднаш доби подршка од владата која им вети субвенции на винариите за извоз на вино меѓутоа и дополнителни – 2 денари ковид мерки кои што би ги добиле лозарите за да добојат повисока цена на предаденото грозје.Меѓутоа тука не престана играта која што успешно ја менаџираа винариите под закрила на власта. Собраа минимална количина на грозје и повторно го прекинаа откупот на грозје.се играа со денови со маката на лозарите а владата мудро молчеше чекајќи да ги доведат во целосна безизлезна ситуација лозарите“, дополни Јованчев.