Бојан Јовановски – Боки 13 кој е осуден во случајот „Рекет“ на својот Фејсбук профил ја објави студијата на Коалицијата ” Сите за правично судење“ во врска со овој сучај, со целосен осврт на целокупниот судски предмет, неспорно ќе се утврдат сите повреди од апсолутен карактер на Законот за кривична постапка, нееднаквоста на орудијата на страните во постапката, повреда на правата на обвинетите во постапката, повредата на начелото на фер и правично судење.
Пред објавувањето на студијата, Јовановски нагласува дека имало претпоставки и шпекулации поттикнати од видливата тенденција на шефицата на Обивинителството за организиран криминал Вилма Русковска, а кои резултирале со закани кон судии од Апелациониот суд Скопје кои подоцна и ги осудилеа.
Наспроти сите незаконити постапувања на Русковска како предметен обвинител во случајот, која преку површни, неточни, шпекулативни, сензационалистички и навивачки пропагандни механизми го водеше овој случај, наместо во судница со докази. Со злоупотреба на судиската функција, во смисла на одредбите од законот за судови, судиите Васка Николовска-Масевска и судија Софче Гаврилова Ефремова ја донесоа првостепената судска одлука потврдена и од Апелациониот суд, каде претседател на советот беше истиот оној судија Јани Нича за кој Русковска водеше финансиска истрага, па оттука се поставува прашањето дали тој судија можел и смеел да суди во овој случај и дали повторно при носење на второстепената одлука клучно било влијанието, стравот и заканите од Русковска кон споменатиот судија?!
Апелирам до сите заинтересирани внимателно да ја прочитаат оваа студија која се темели на факти и од оваа анализа ќе се утврди зошто е неодржлива, неоснована и нарачана пресудата за случајот Рекет! После сето ова основано барам ново фер судење и фер постапка почитувајќи го начелото на еднаквост на орудијата на страните во постапката, барам судење спроведено согласно Законот за кривична постапка, барам судење пред непристасен суд, каде ќе има само право а не политички нарачана пресуда“, вели Јовановски!
Коалицијата „Сите за правично судење“ поставува неколку прашања по извршената анализа на судењето:
– како советот кој одлучувал за оценка на обвинителниот акт можел разумно да донесе одлука во однос на истиот, при услови кога дел од доказите наведени во обвинителниот акт воопшто не се прибавени, ниту пак е позната нивната содржина, а воедно и
– како може обвинителството да предлага докази кои не се прибавени, односно да го темели обвинението на докази, во овој случај вештачења, чија содржина сè уште не е позната, и за кои не е сигурно дека го поткрепуваат обвинението?
Исто така, друго прашање кое поттикнува конфузија е зошто само првообвинетиот е обвинет за кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело, во услови кога сите три лица посочени во обвинителниот акт се обвинети дека земале пари, па доколку е така нејасно е зошто само еден од нив се товари за тоа кривично дело. Доколку пак, првообвинетиот е тој кој ги „перел“ парите и на останатите обвинети, тогаш се покренува прашањето дали можеби обвинетите сториле кривично дело – Злосторничко здружување казниво со чл. 394 од КЗ. Овие прашања во текот на постапката ниту еднаш не беа ниту, коментирани, ниту образложени и фрлаат сомнеж врз целосната правна квалификација на Чл. 273 став 1 од Кривичен законик кривичните дела кои се ставаат на товар на обвинетите. Имајќи го предвид фактот дека судот не е врзан за правната квалификација од поднесеното обвинение, истиот при своето постапување одлучување е должен врз основа на Кривичниот законик правилно да ја определи правната квалификација на дејствијата согласно наводите истакнати во обвинителниот акт. Така во поткрепа на погоре наведеното, судот можел и требал да го земе во предвид фактот дека станува збор за три лица кои се здружиле со цел да вршат кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна и да квалификува кривично дело Злосторничко здружување согласно чл. 394 од Кривичниот законик.
Така во поткрепа на погоре наведеното, судот можел и требал да го земе во предвид фактот дека станува збор за три лица кои се здружиле со цел да вршат кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна и да квалификува кривично дело Злосторничко здружување согласно чл. 394 од Кривичниот законик
Врз основа на тоа што дел од доказите при поднесување на обвинението, односно вештачењата не биле изготвени, на одбраната и беше скратена можноста да се запознае со сите докази кои се ставаат на товар во моментот на поднесување на обвинението. Покрај тоа, одбраната реагираше и на фактот што не и била дадена можност да добие копија од списите на предметот кои се чуваат во јавното обвинителство, а кое право е загарантирано согласно чл. 79 став 2 од ЗКП, а воедно го опфаќа и принципот на контрадикторност и еднаквост на оружјата во постапката. Имено, на одбраната и била дадена можност само да направи препис на лице место на доказите кои се ставаат на товар на обвинетите, а со оглед на енормниот број на докази приложени кон обвинителниот акт, апсурдно е истите да се препишуваат при постоење на технологии кои ги нуди едно модерно општество.
Понатаму, дел од доказите на кои се темели обвинението, се однесуваат на снимки, кои според одбраната не се автентични и законити и како такви не треба да се земат предвид при донесување на пресудата. Имено, за овие докази нема законска рамка за постапување, за разлика од таканаречените „бомби“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои што има утврдена законска рамка, додека пак во однос на неовластеното снимање од страна на првообвинетиот, второобвинетата има поднесено приватна тужба против него за неовластено снимање.
Согласно чл. 12 став 2 од ЗКП „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Северна Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и на нив не може да се заснова судската одлука.“ Исто така согласно член 110 став 1 од новиот Закон за јавно обвинителство, „Јавното обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушкувани материјали.“ Исклучок на ова се само предметите поднесени до надлежниот суд до 30 јуни 2017 година.
Оттука, се поставува прашањето кој третман ќе го имаат овие докази во поглед на донесување на одлука од страна на судот и колку истите ќе влијаат при одлучувањето за вината на обвинетите.
-Еднаквоста на оружјето е карактеристично обележје на правичното судење.Таа бара да и се даде разумна можност на секоја страна да до изложи својот случај под услови што не ја ставаат во значително подредена улога во однос на другата страна.На 09.04.2020 година одбраната на првообвинетиот во постапката поднесе предлог до судот за вештачење на неговиот мобилен телефон со образложение дека истиот не е целосно вештачен. Јавниот обвинител се спротивстави на предлогот на одбраната со образложение дека мобилниот телефон е вештачен само во периодот за кривичноправниот настан кој што е опишан во обвинението. Ваквиот предлог на одбраната судот го одби како неоснован. Имено, важно е да се напомене дека мобилниот телефон на првообвинетиот во истражната постапка со наредба на јавниот обвинител е одземен, па оттаму одбраната немаше можност да изготви свое вештачење со оглед на тоа дека немаа пристап до телефонот. Она што дополнително се јавува како дилема е тоа што јавниот обвинител на 26.05.2020 година во своите завршни зборови направи измена на обвинителниот акт во точката 2 каде што се проширува периодот за сторување на кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ односно дека од ноември 2017 година обвинетиот Бојан Јовановски ги пуштил 8 А.бр. 22978/05, пресуда на ЕСЧП од 01 јуни 2010 година парите во оптек. Оттаму, се поставува прашањето дали е целосно извештачен мобилниот телефон со оглед на тоа дека истиот е само вештачен за периодот ноември 2018 година – април 2019 година, период кој што е наведен и во самиот обвинителен акт.
Ова остава дополнителен сомнеж кај обвинетиот за непристрасно и независно вештачење односно подготовка на стручно мислење. ЕСЧП смета дека ваквиот начин на постапување на судовите значи дека обвинетиот бил лишен од можноста да изнесе аргументи во своја одбрана под истите услови како и обвинителството што според ЕСЧП претставува
-Согласно ваквите одредби од ЗКП очигледно е дека интенцијата на законот е да дозволи соодветно време за подготовка на одбраната во случај кога со обвинението се прават суштински, а не технички исправки, па поради тоа било која измена на обвинението која се однесува на поврзаност на пресудата со обвинението во смисла на член 398 од ЗКП не би смеела да се направи со давање на завршните зборови, туку во текот на доказната постапка, како би можело во дополнението на доказната постапка согласно член 394 од ЗКП, со цел да се пружи прилика на одбраната за побивање на изменетото обвинение.
13 Во конкретниот случај, јавниот обвинител го прошири периодот во кој е сторено кривичното дело „перење пари“ за повеќе од 12 месеци, што претставува промена на описот на делото кое е предмет на обвинителниот акт. Поради тоа, со измената на обвинението со давањето на завршни зборови на јавниот обвинител, судот повеќе и нема можност да и дозволи на одбраната соодветно да се подготви, бидејќи доказната постапка е веќе завршена, а во завршните зборови не смеат да се изнесуваат и презентираат докази.
Она што е веднаш воочливо е што ниту во предлогот за конфискација, ниту во обвинителниот акт, ниту пак на главната расправа јавниот обвинител не ја прецизираше вредноста на имотот кој е привремено одземен и кој е побарано да биде конфискуван. Согласно членовите 530 и 532 од ЗКП, јавниот обвинител е должен да прибира докази кои се однесуваат на имотната корист и висината на износот на нелегално стекнатиот имот, за што има и посебни овластувања да предлага мерки, како и да задолжува институции, правни и физички лица до него да доставуваат податоци и известувања. Иако постојат разлики во поглед на степенот до кој обвинителот треба да ја докаже поврзаноста на имотот со кривично дело во постапките за посредна и непосредна или вредносна конфискација, поточно во постапките за проширена конфискација е дозволено одредено префрлање на товарот на докажување за легалното потекло на имотот врз обвинетото лице, ваквото префрлање не е апсолутно, па така јавниот обвинител сепак има обврска да достави одреден минимум на докази со кои ќе внесе објективен разумен сомнеж за нелегалното потекло на конкретниот имот.
Поради ова, навистина е невообичаено што не е изготвено вештачење на одземените предмети за да се утврди нивната вредност, особено што во конкретниот случај обвинетите лица се товарат дека нелегално заработиле 1 милион евра.
. Дополнително прашање кое се надоврзува на ова е поврзано со недостигот на докази со кои би се овозможило следење на текот на имотот по неговото набавување на нелегален начин, неговата распределба и располагање од страна на обвинетите, како и неговото евентуално префрлање на трети лица, што во крајна линија го повлекува прашањето зошто барањето за конфискација е насочено само кон едно од обвинетите лица во ситуација кога не постојат доволно докази да укажат на тоа дека тоа е единственото лице кое располага со нелегално стекнатиот имот со кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“?
Иако ЗКП не нуди одговори на тоа како ќе се спроведе оваа дополнителна постапка во однос на проширената конфискација, кои лица ќе учествуваат и кои права ќе ги имаат истите, она што вистински е проблематично е настанувањето на една парадоксална ситуација, поточно:
- Доколку во конкретниот случај обвинителот не успее да докаже надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил кривичното дело „перење на пари“, обвинетиот нема обврска да го докаже легалното потекло на имотот, бидејќи проширената конфискација може да се изрече само од сторител на кривично дело (поврзано со) „перење пари“, па оттука истата нема повеќе да биде апликативна и судот нема да може да ја изрече во овој случај. На овој начин, фактички е оневозможено префрлањето на товарот на докажување на потеклото на имотот;
- Обратно, доколку обвинителот во отсуство на доволно докази за следење на текот на имотот успее да докаже дека обвинетиот сторил кривично дело перење пари само врз основ на непропорционалниот сооднос на легалните приходи на обвинетиот со имотот за кој се бара проширена конфискација, ќе се изврши префрлање на товарот на докажување врз вината за кривичното дело „перење пари“, бидејќи истиот не успеал да докаже дека легално ги стекнал предметите од кои зависи постоењето на кривично дело „перење пари“. Ова е особено проблематично доколку се земе предвид фактот што судот во оваа ситуација ќе мора да одлучи за постоењето на кривичното дело „перење пари“ пред да одлучи за легалното потекло на имотот, па така истиот технички ќе донесе одлука за потеклото на имотот пред одбраната да има прилика да ги презентира сите докази што во крајна линија ја доведува во прашање пресумпцијата на невиност.
Барањето за проширена конфискација е дотолку повеќе проблематично што на истото може да се гледа како на алтернатива во случај обвинителството да не успее да докаже дека имотот на обвинетиот е поврзан со конкретното кривично дело, или во случај истиот да биде ослободен за проширениот период опфатен со измената на обвинението, имотот да може да се конфискува со проширена конфискација иако е стекнат пред сторување на делото за кое обвинетиот е осуден. Ова е дотолку повеќе битно ако се навратиме на прашањата за недостиг на доволно докази прибрани со финансиска истрага и кои се однесуваат на следење на имотот и откривање на незаконски стекнатата корист со кривичното дело. Во ваква ситуација, проширената конфискација може да биде искористена со цел да се одземе имот поврзан со кривично дело за кое обвинетиот не бил прогласен за виновен, што може да покрене сериозни прашања во однос на пресумпцијата на невиност и правото на фер и правично судење. ЕСЧП сè уште нема воспоставено цврста пракса и сè уште нема дадено прецизен одговор на многу прашања кои се поврзани со конфискацијата на имот, додека од друга страна пак, ЕСЧП применува прилично казуистичен и индивидуалистички пристап, што дополнително придонесува кон неможноста да се најде воедначен и умерен пристап при примената на проширената конфискација. Сепак, она што ЕСЧП го има поставено како критериум на одлучување е поврзано со природата на конфискацијата и нејзината примена како казна или како мерка, при која оцена ЕСЧП не се раководи согласно домашното законодавство туку ги применува критериумите поставени во случајот Енгел и други против Холандија, согласно кои критериуми судот одлучува дали одредена мерка има ретрибутивна, реститутивна или превентивна природа, независно од тоа како истата е регулирана со домашното право.
Од „Сите за правично судење“ излегуваат со заклучок:
Почитувањето на основните човекови права и придржувањето до пишаните одредби од процесните закони во судските постапки е клучно за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, особено во овие моменти кога довербата на граѓаните во јавното обвинителство и судството е сведено на минимум. Судот е должен да спроведе транспарентна постапка, а одлуките кои ги носи да бидат темелно образложени и засновани на доказите презентирани во текот на постапката со цел пресудата да не биде заснована на шпекулации или претпоставки“.
Целиот текст од студијата може да го прочитате ТУКА