Јовановски: Гневот кај приватните превозници е голем бидејќи тие се под закана и уценети

Во тек е прес-конференција на Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Приватните превозници денеска ќе одлучат како ќе се одвива нивниот утрешен протест – со блокада само на крстосницата кај „Мавровка“ или 200 нивни автобуси ќе блокираат неколку крстосници во центарот на градот.

-Гневот кај приватните превозници е голем бидејќи тие се под закана и уценети. Под закана се дека им се раскинуваат договорите, им се вели да не го бараат долгот, а ако бараат им се вели дека ќе се земат други превозници. Градоначалничката вели “секој чесен превозник ќе може да си ја врши работата“, а јас ви велам дека нема ниту еден нечесен човек таму. Не знам по кој критериум ќе бираат чесни превозници во таа циркузијада, но сакам да предупредам дека револтот е после сите искажани лаги, не може да ги лажете превозниците и корисниците на нашите услуги, рече тој.