Јовановски: Освен празни ветувања и разочарувања, Заев не стори ништо друго

Зошто Заев не го викаат никаде? Зошто го избегнуваат? Затоа што го прочитаа, толку ветувања а ништо не се исполни, принципиелно ништо не сменивме, ниту на полето на корупцијата, ниту на полето на начинот на практикување на власта, неетичкото практикување на власта, судирот на интереси, реформите кои што не се случија ниту во правосудството ниту во администрацијата, ветената департизација, вели колумнистот Зоран Јовановски, во гостување во емисијата „Што не е јасно“, на телевизија Алфа.

Според Јовановски, Македонија е држава на роднини, пријатели и партиско членство на владејачката партија, посочувајќи дека освен разочарувања друго ништо добро не може да каже за оваа владејачка гарнитура на власт.

„Сѐ оди по партиски, по роднински и пријателски врски. Македонија е повторно држава за роднини и пријатели и за партиското членство на партијата на власт. Ветуваа објективни критериуми при достапноста до општествените добра, а повторно парите се делат на начин на кој што се делат, имавме флагрантни примери. Ова што излезе во јавност, во тоа ве уверувам тоа е секогаш така тоа е само 5 до 10 проценти што е случено коруптивно и криминално, затоа што не излегува сѐ, затоа што се кријат“, посочи ?Јовановски.

Додаде дека претходно на вицепремиерот за справување со корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, за степенот на корупција му биле виновни институциите и претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но денес кога тој е втор човек во државата задолжен за борба против корупцијата кога има меѓународни резултати дека Македонија е корумпирана држава, за него виновни се граѓаните што имаат таква перцепција.

„Освен разочарувања од оваа владејачка гарнитура не знам што друго да кажам. Тие не се четири месеци на власт, тие се веќе четири години на власт, и веќе се видени. Внимавајтр, кој кадар е Љупчо Николовски да биде втор човек во држава кој ќе се справел со корупцијата, сега му излегоа вакви меѓународни резултати и не му се допаѓаат и го криви народот. И сега излегува дека народот е крив за перцепцијата за корупцијата а во времето на Груевски народот повторно имаше таква перцепција, меѓутоа тогаш народот не му беше виновен, му беа виновни институциите и претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а сега е виновен некој друг“, рече Јовановски.