Јовчески: Ќе ги реконструираме влезовите на Прилеп и ќе направиме неколку кружни текови во градот

Сигурно ќе се согласите со мене дека сообраќајот во Прилеп е секојдневен проблем на граѓаните кој го засега буквално секој кој е вклучен во сообраќајот и како возач, но и како пешак или велосипедист. Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со којшто сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот. Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана, истакна денес Борче Јовчески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Прилеп.

-Изградбата на кружните текови покрај што ќе го растерети сообраќајот, ќе го намали времето на чекање на граѓаните, но ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори. Покрај овој значаен проект би сакал да го напоменам и проектот за комплетна реконструкција на влезовите во градот. Ќе се согласите дека Прилеп заслужува да изгледа европски, но не само тоа, туку и да има функцинонална инфраструктура. Свесни сме дека правецот Крушево–Прилеп, како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не е европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само во патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедска и пешачка патека. Со тоа граѓаните, а посебно велосипедистите, ќе имаат сигурна траса по која што ќе можат да возат и да го поминуваат времето градејќи здрави навики, истакна тој.

Јовчески им порача на прилепчани: „Заеднички, со вашата поддршка и нашиот несомнен вложен труд, ќе го направиме Прилеп град со којшто секој прилепчанец ќе се гордее. За поубав Прилеп! Затоа што, вие, граѓаните, го заслужувате тоа“!